Во организација на Сојузот на спортови на Скопје и под поктовителство на Град Скопје, на 03.11.2019- недела со почеток во 11.00 часот ќе се одржи вториот велосипедски настан СКОПЈЕ НА ТОЧАК.
Овој велосипедски караван нема натпреварувачки карактер. Се вози со диктирана брзина од 20км/ч, предводен од Полицијата и организаторот.
Пријавувањето е задолжително и е бесплатно.
Патеката на движење за време на настанот Скопје на точак
Старт- Булевар Илинден кај фонтаната Лотос, правец на движење кон Сити мол. Се врти лево по улица Љубљанска и се вози до Бул. Партизански одреди каде што се врти лево и се вози по булеварот, се до зграда Тифани каде што се врти лево на Бул.ВМРО, се преминува мостот Гоце Делчев и по Бул.Гоце Делчев се вози до Судска палата каде се врти десно на Бул.Крсте Мисирков и долж булеварите Кочо Рацин и Кирил и Методи се вози до раскрсницата со Бул.Климент Охридски каде се врти десно и се вози се до раскрсницата со Бул.Илинден каде се врти лево и се завршува пред фонтана Лотос во Градски парк.
11:00 - 12:00 поделба на стартни броеви- лепенки за велосипед (пред фонтана Лотос)
12:00 Старт на караванот
12:30 Крај на караванот
12:35 - 13:00 Лотарија
13:00 - 13:30 Велосипедски дружења
Бул. Кочо Рацин 15
1000 Скопје
(02) 3228624
nikolovska@sporskopje.mk