Скопје на точак

Во организација на Сојузот на спортови на Скопје и под поктовителство на Град Скопје, на 03.11.2019- недела со почеток во 11.00 часот ќе се одржи вториот велосипедски настан СКОПЈЕ НА ТОЧАК.

Овој велосипедски караван нема натпреварувачки карактер. Се вози со диктирана брзина од 20км/ч, предводен од Полицијата и организаторот.

Пријавувањето е задолжително и е бесплатно.

Патеката на движење за време на настанот Скопје на точак
Старт- Булевар Илинден кај фонтаната Лотос, правец на движење кон Сити мол. Се врти лево по улица Љубљанска и се вози до Бул. Партизански одреди каде што се врти лево и се вози по булеварот, се до зграда Тифани каде што се врти лево на Бул.ВМРО, се преминува мостот Гоце Делчев и по Бул.Гоце Делчев се вози до Судска палата каде се врти десно на Бул.Крсте Мисирков и долж булеварите Кочо Рацин и Кирил и Методи се вози до раскрсницата со Бул.Климент Охридски каде се врти десно и се вози се до раскрсницата со Бул.Илинден каде се врти лево и се завршува пред фонтана Лотос во Градски парк.

ПРОГРАМА НА НАСТАНОТ

11:00 - 12:00 поделба на стартни броеви- лепенки за велосипед (пред фонтана Лотос)

12:00 Старт на караванот

12:30 Крај на караванот

12:35 - 13:00 Лотарија

13:00 - 13:30 Велосипедски дружења

Награди за лотарија:
- Велосипеди
- Велосипедска опрема, ракавици, заштитни шлемови

Во лотаријата учествуваат сите што имаат стартен број. Значи мора задолжително да се пријавите (најдоцна до 01 ноември) и да си го подигнете вашиот стартен број во периодот од 11:00 до 12:00 часот пред фонтана Лотос во Градски Парк на 3 ноември.

Партнери

Контактирајте не

Адреса

Бул. Кочо Рацин 15
1000 Скопје

Телефон

(02) 3228624

Е-маил

nikolovska@sporskopje.mk